Страшна сообраќајка синоќа во Скопје: Автомобил излета од коловозот и се преврте

Синоќа, во 10 минути по полноќ на локалниот пат Скопје - село Љуботен, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Р.И. од село Љуботен, изгубило контрола, излегло надвор од коловозот и се превртело на лева бочна страна.

Притоа, со повреди се здобиле возачот Р.И. и сопатниците, 52-годишниот Џ.И. од село Љуботен и 35-годишната Н.Д. од село Љуботен. Тие со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај сопатничката Н.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај Р.И. и Џ.И. биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

26.05.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега