Удирале и оштетувале паркирани возила во Градски парк - уапсени тројца скопјани

Вчера во 02:30 часот по полноќ, кај дискотека во Градски Парк, полициски службеници ги забележале 23-годишниот К.П., 21-годишниот М.С. и 20-годишниот Н.В., сите од Скопје, како се движат и со нозе удираат по паркираните возила и ги оштетуваат. Полициските службеници се упатиле кон нив за да ги спречат.

Кога ги забележале полициските службеници, лицата почнале да бегаат. Полициските службеници успеале да ги стигнат, по што лицата биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 

 

 

 

25.05.2018 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега