Сообраќајка утрово на автопатот Скопје-Велес: Автомобил се заби во жичана ограда

Сообраќајна несреќа се случила во 05:30 часот на автопат Скопје-Велес, во близина на патарина Петровец, патничко возило „Пежо-206“ со скопки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот М.С. од село Петровец, скопско, удрило во метален браник и жичана ограда. Како што информираат од МВР возачот М.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. 

 

 

 

 

25.05.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега