Драма во Скопје: Вооружени маскирани лица ограбиле бензинска, па избегале

Синоќа во 03:55 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен на бензинска пумпа на влез на Радишани-Скопје пријавил дека две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над него.

Сторителите со закана со оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

 

 

 

 

25.05.2018 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега