Хуманитарна изложба во „Галерија 7“

 

Во „Галерија 7“ во Старата скопска чаршија вечер од 20 часот ќе биде отворена продажна изложба на ликовни дела од која приходот ќе биде наменет за помош во лекување на младата поетеса Искра Донева.

Делата на изложбата се од независни автори, создадени на сликарска работилница во село Лазараполе во јуни годинава, во рамки на проектот „Креативен викенд“.

- Главната цел на работилницата, покрај заедничкото творење и зацврстување на локалната млада, независна ликовна сцена, беше и создавање дела кои потоа ќе бидат изложени на аукциска и донаторска изложба наменета за собирање средства за лекување на младата поетеса Искра Донева, исто така учесничка на еден од креативните викенди, соопштија организаторите на изложбата.

Искра Донева е авторка на хаику поезија и боледува од церебрална парализа. За подобрување на нејзината здравствена состојба е потребно пресадување матични клетки. 

13.09.2013 - 08:25

најчитано сега