Есма Реџепова ќе заработи титула „Национален уметник“

 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе и ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“ на пејачката и хуманистка  Есма Реџепова-Теодосиевска,  која со богатата интернационална кариера е наречена „кралица на ромската песна“.

Признанието се доделува согласно со Законот за Национален уметник на Република Македонија. 

Реџепова е трет  носител на титулата Национален уметник, која ја имаат и пијанистот Симон Трпчески и режисерот Милчо Манчевски. 

Покрај претседателот Иванов, на свеченото врачување на наградата  ќе се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. 

13.09.2013 - 08:12