Заев се срeтна со белгискиот амбасадор Ван Калстер

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Македонија, денеска се сретна со амбасадорот на Белгија, Аник Ван Калстер.

На средбата, соопшти СДСМ, станало збор за прашања кои ги засегаат односите меѓу Белгија и Македонија и за повеќе актуелни теми поврзани со економската и политичката состојба во Македонија и пошироко во регионот.

Разгoварано е и за напредокот на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес, при што амбасадорот Ван Калстер ја акцентирл поддршката на Белгија за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

- Се зборуваше и за можностите за развој на севкупните односи помеѓу двете земји и продолжување на успешната соработката помеѓу СДСМ и амбасадата на Белгија, се вели во соопштението.

12.09.2013 - 16:30

најчитано сега