Адеми на Конференција за франкофонијата во Букурешт

Пратеникот Џеват Адеми денеска и утре во Букурешт ќе учествува на Конференцијата на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ). 

На учесниците на оваа Конференција со воведни излагања ќе им се обрати претседател на Претставничкиот дом на Романија Ливиу Драгнеа, премиерката Виорика Данчила, министерот за надворешни работи Теодор Мелешкану, градоначалникот на Букурешт Габриела Фиреа, претседател на Универзитетската агенција на Франкофонијата и член на Романската секција во Парламентарното собрание на Франкофонијата проф. д-р Сорин Чимпеану, личен претставник на претседателот на Романија за Франкофонија Серѓу Нистор  и претседателка на Романската секција во Парламентарното собрание на Франкофонијата Симона Букура-Опреску.

На оваа Конференција ќе се дебатира за промоција на Франкофонијата, подготвувањето на XXXI Регионално собрание Европа на ПСФ и определување на централната тема, што ќе се одржи во Андора во октомври 2018 година, следење на резолуциите на ПСФ, усвоени на Годишната сесија на ПСФ во Луксембург во 2017 година, Извештаите на комисиите на ПСФ од Регион Европа и други прашања од делокругот на ова меѓународно парламентарно собрание.

 

 

 

21.05.2018 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега