Зиков: СЈО со ни еден доказ не докажа дека обвинетиот Поповски извршил дело за кое се товари

Набавката на Мерцедесот с600 Гард е направена според членот 7 од законот за јавни набавки, впрочем како што се набавени сите возила претходно.

Бројните сведоци потврдија дека МВР имало потреба од набавка на вакво возило, а според вештакот сведок, кој без лиценца извршил вештачење, компанијата Мак Ауто Стар во оваа набавка направила вообичаена провизија што значи немала екстра профит. Кои се тогаш мотивите и интересите на обвинетиот Ѓоко Поповски?, праша адвокатот Стерио Зиков.

Според него, од материјалните и од вербалните докази се докажа спротивното. Направена е вообичаена јавна набавка, обезбедени се пари од буџетот и објавена тендерската документација.

-16 економски оператори кои се пријавиле на тендерот не поставиле ниту едно прашање, барање или измена во врска со тендерската документација. Значи никој не бил дискриминиран или оштетен.  Обвинетите можеле да го купат ВИП возилото во директна набавка доколку сакале и економските оператори не би имале можност ниту права да бараат замерки на документацијата. Но, решиле тоа да го сторат по пат на тендер со цел да дојдат до најефтина цена од понудивачите.

Неможноста за фаворизирање го потврди и сведокот Зоран Василевски кој бил вработен во Аутомакедонија, кој рече дека во Македонија во 2006 година е донесен закон за антимонопол па, компанииите можат да продаваат автомобили за кои тие не се генерални застапници.

-Докажавме дека тезата на СЈО дека Никола Груевски ја искористил својата положба и ја фаворизирал компанијата Мак Ауто Стар не е точна, рече адвокатот Сања Алексиќ во своите завршни зборови во Тенк.

 

 

 

17.05.2018 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега