Нафтата повторно поскапе: Новата цена урива рекорди

Цените на сировата нафта продолжуваат да растат, а утрово достигнале 80 долари за барел, што е наголемо ниво од ноември 2014 година.

Растот е условен со помала испорака, а голема потрошувачка.

Аналитичарите проценуваат дека растот ќе продолжи поради неповолните геополитички движења и намалување на производството во САД. Американската банка „Морган Стенли“ најавува дека до 2020 година барел нафта ќе биде 90 долари.

Растот е предизвикан во голем дел од кризата во односите на Блискиот исток, повлекувањето на САД од нуклеарниот договор,  и порастот на побарувачката. Меѓутоа, Меѓународната енергетска агенција (ИЕА) смета дека нема да има дополнителен пораст на побарувачката и оти тоа би можело да влијае врз забавување на растот на цените.

 

 

 

17.05.2018 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега