Идната принцеза во тага: Таткото на Меган и најблиското семејство нема да дојдат на нејзината свадба

Последните денови пред свадбата на Меган Маркл, иако требаше да бидат исполнети со детаљи околу организацијата на големиот ден, наместо тоа, Меган се занимава со неочекувана семејна драма. Прво, нејзиниот татко, Томас Маркл, требаше да ја придружува невестата, односно, ќеркаси, на патеката на свечената церемонија. Потоа, тој одлучи да не присуствува на венчавката.

Паралелна драма, со оваа на нејзиниот татко, на Меган и приредуваат и членовите на семејството, односно блиските роднини кои не се поканети на кралската свадба. Но неволјите за Меган, не пристигнаа само од нејзиниот татко. Нејзината полу-сестра, Саманта Маркл, рече дека таа стои зад договорените фотографии.

Таткото на Меган Маркл (36), Томас (73), изјави дека нема да дојде на свадбата на неговата ќерка со британскиот принц Хари (33). Постојат две причини за ова.

Првата беше благ срцев удар кој му се случи пред една недела поради стрес. А втората е тоа што се дозна дека агенција му платила да го направи сето ова само за да добие публицитет. Очигледно тој не сака да ја посрамоти својата ќерка и кралското семејство уште повеќе и зажали што земал пари од агенцијата. Тој тврди дека парите не биле главен мотив, туку сакал јавно да го подобри својот имиџ.

Томас вели дека срцевиот удар бил втор што го доживеал и дека се случило поради стрес. Наводно брзо излегол од болницата за да оди на свадба во Лондон, но сега тој вели дека не сака да дојде.

Но, и покрај неговите тврдења дека претрпел срцев удар, британскиот Daily Mail дознава дека Томас Маркл не бил пријавен во болница на ден кога тој рече дека имал срцев удар, но го поминал денот во својот дом во Росарито.

Два дена подоцна бил фатен како купува оброк и газиран пијалок во Мекдоналдс, а потоа застанал во KFC.

„Ова е длабоко интимен момент за г-ѓа Маркл неколку дена пред свадбата. Таа и принцот Хари уште еднаш молат за разбирање и почитување на г-дин Маркл во оваа тешка ситуација”, се вели во соопштението од палатата Кенсингтон.

Инаку последните информации кои се појавија во светските медиуми велат дека на Томас ќе му биде вграден стент на денот на кралската свадба.

За се да стане уште покомплицирано, Томас рече дека верува дека срцевиот удар бил предизвикан од отвореното писмо што неговиот син, Томас Маркл Џуниор, му го напишал пред две недели, известувајќи го дека Хари нема да се омажи за Меган.

Дополнително, Меган Маркл е притисната и од коментарите на нејзините полу-браќа и сестри кои не се задоволни затоа што не се поканети на свадбата.

 

 

 

16.05.2018 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега