Не паѓајте на совршениот облик: Научете како да ги разликувате домашните јагоди од оние увозните

Мај е месец кога ова овошје владее на пазарите и супермаркетите, меѓутоа откако ќе ги купиме често забележуваме дека повеќето од нив немаат ни вкус ни мирис, па првата мисла ни е од каде потекнуваат?

Најчесто се увезени од Грција, Шпанија и Турција а препродавачите ги продаваат тврдејќи дека се одгледани кај нас.

Но еве како да ги препознате. За да не живеете во заблуда, и домашните јагоди се третирани со пестициди за да ги заштитат и да траат подолго, но се разликуваат по мирис и вкус. Домашните јагоди имаат интензитетен мирис, слатки се и сочни за разлика од увозните. 

Исто така немаат еднаков вкус од сите страни, зошто сончевите зраци не се исти во текот на растот.

Домашните јагоди се препознаваат и по обликот, ретко кои се иста величина и боја. Брзо венеат зошто немаат толку пестициди како увозните, и уште една но најважна работа кај домашните јагоди е тоа што секогаш се малку бледо зелени. Зошто се неодамна обрани и полни се со ситни семки.

Затоа кога ќе одлучите да си купите јагоди,со помош на овие совети ќе ги одберете најслатките.

 

 

 

 

15.05.2018 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега