Уште едно прскање против комарци во Скопје

Од Град Скопје денеска информираат дека по четирите наврати на аеросолната дезинсекција против возрасни комарци и две авионски дезинсекции против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје, претстојниов викенд ќе биде извршен и петтиот, последен наврат на аеросолна и терестричната дезинсекција за оваа година, против возрасни форми на комарци

Петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, во период од 05:30 до 08:00 часот. Петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2013 година,на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 16.09.2013 до 20.09.2013,  во период од 01 до 05 часот.

 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

12.09.2013 - 11:33