Скопјанка нападната од четири кучиња

Триесетгодишна скопјанка А.А. била нападната од четири кучиња од непозната раса во село Долно Соње.

Нападната била во петокот околу 16 часот и 30 минути кога едно од кучињата ја каснало за левата нога нанесувајќи и видлива повреда.

А.А. се упатила во болницата „Св. Наум Охридски” каде и била укажана лекарска помош, а случајот во полиција бил пријавен вчера попладне, соопшти МВР во дневниот билтен.

 

 

 

13.05.2018 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа