Хоџа и верува на власта, нема да се врати во Tанушевци (видео)

По две недели, подлегна под притисокот на јавноста. Џезаир Шаќири се повлече од функцијата советник за безбедност на премиерот, тој во интервју за „21 ТВ“ вели дека не сака да влегува во војна со медиумите и сака да е мирен,

„Мислам дека не вреди да се занимавам со медиумите, по сите овие проблеми. Се ближи и Рамазан и не сакам да влегувам во војна со медиумите од земјата. Сакам да сум мирен“, вели Шаќири.

Тој ги критикува политичарите Албанци, дека никој не се погрижил за неговата судбина. Но не се плаши да дебатира со нив, дури и да ги предизвика.

„Ќе критикувам без пардон, доколку спроти мене имам политичар што ми се заканува или ме плаши… Верувам дека можете да ме повикате и во дебата со тие политичари, но тие нема да прифатат да разговараат со мене, бидејќи немаа аргументи“, рече Шаќири.

Командант Хоџа не разговарал со премиерот за некоја друга функција, но не ја исклучува таа можност. Тврди дека не планира да се врати на планина.

„Не мислам да одам во Танушевци, на планина. Ќе бидам трн во око. Денеска се виде кои се моите противници или непријатели кои сакаат да бидат цело време во планина“, вели т.н. командант Хоџа.

Откако  се дозна дека Шаќири е назначен за советник во Владата на Македонија се слушнаа остри критики и прашања во јавноста околу  неговата улога во конфликтите во земјата во изминатите децении. Неговото име се наоѓа на американската црната листа , на која се повеќемина политичари и други лица од Балканот. Под притисок на јавноста, Шаќири соопшти дека се повлече од позицијата.

 

 

 

11.05.2018 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега