Пукотници во средно училиште, најмалку едно лице рането

Најмалку едно лице е рането денеска при пукотници во средно училиште во американската сојузна држава Калифорнија, јавија американските медиуми.

Претставник на полицијата на округот Лос Анџелес соопшти дека околу 7 часот по локално време (16 часот по средноевропско време) добиле пријава дека вооружен маж влегол во зградата на училиштето „Хајланд“ и почнал да пука.

Полицијците кои на повикот дошле во учиштето во местото Палмдејлс, на околку 100 километри северно од Лос Анџелес, успеале да го приведат напаѓачот.

Локалниот заменик-шериф Чарл Мур изјави дека во време на инцидентот во објектот немало ученици, затоа што тој се случил половина час пред почетокот на наставата.

Претставник на противпожарната служба за ЕН-Би-Си изјави дека добиле информации оти едно лице се здобило со прострелна рана и било пренесено во болница.

Од почетокот на годината во САД се случија неколку напади врз училишта, од кои најтрагичен беше оној од средината на февруари во Флорида, кога беа убиени 17 лица.

 

 

 

11.05.2018 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега