Села нуди куќа и нива да го извади од притвор Абдулфета Алими

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села ја понудил својата куќа како гаранција за укинување на притврот на Абдулфета Алими, член на обезбедувањето во Собранието, кој се наоѓа во затворот во Шутка поради настаните на 27. април минатата година во Собрание, објави Плусинфо.

Алими е еден од лицата кои при немилите настани го штитеше Села. Бидејќи неговата семејна куча во село Оризари не била доволна гаранција, пратеникот Зијадин Села ја понудил и својата куќа во селото Ливада. Од Алијансата на Албанците за Плусинфо велат дека доколку и куќата на Села не е довллна и други функционери се подготвени да дадат имаот како гаранција.

Алими беше еден од сведоците кои ги предложи обвинителството во судскиот случај за обидот за убиство на Зијан Села во кој обвинети се вкупно 10 лица. Во судница тој сведочеше за тоа што го видел во прес салата во Собранието ноќта на 27 април и за тоа како го спасувале по лидерот на Алијансата.

 

 

 

 

11.05.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега