Димитров утре и задутре ќе учествува на состанок на Вишеградската група и Балканот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, Никос Коѕијас, утре и задутре ќе учествува на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група. Состанокот во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“ ќе се одржи во Солун, во близина на Атина.

„Покрај стандардниот формат од минатата година во Будимпешта, каде учествуваа министрите за надворешни работи на четирите земји членки на ЕУ од Балканот-Грција, Бугарија, Хрватска и Романија, плус Словенија, за прв пат се поканети и земјите кандидати од овој регион Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора, плус Босна и Херцеговина. Земјите од Вишеградската група ќе бидат претставени од министрите за надворешни работи на Полска, Унгарија, Чешка и Словачка“, се вели во соопштението од МНР.

 

 

 

 

09.05.2018 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега