Снимката за „Поткуп“ објавена на Јутјуб три пати била прекината

 

Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште во Кривичниот суд на кое се гледаше скратената снимка што беше објавена на Јутјуб, рече дека Судот констатира оти на три пати снимката се прекинува.

- Токму тоа се деловите кои што ги видовме преку презентацијата на целата снимка, како се разговара и објаснува дека сето ова ќе оди за цемент,  тули, за железо, за струја, за работна сила... Овде е јасна намерата на оној што тоа го објавил во јавноста да направи комплетна дискредитација и валкање на моето лице, рече Заев.

Тој истакна дека му е мило што целиот процес преку доказната постапка бил разобличен, како во делот на испрашувањето на сведокот така и во делот на неговото испрашување како обвинето лице.

Во контекст на тоа додаде дека од страна на одбраната биле доставени над 70 докази и оти верува дека и преку завршните зборови на адвокатите на 15 мај кога е закажано последнното рочиште ќе биде завршен овој предмет и конечно да се докаже правдата.

 

 

 

09.05.2018 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега