Во БЕГ не знаат дали ќе поскапи парното за скопјани за следната грејна сезона

Балкан Енерџи Груп  ќе продолжи да  врши дистрибуцијата на топлинска енергија и следната грејна сезона тврдат од компанијата.

И покрај најавите од градот Скопје дека од октомври оваа  обврска ќе ја преземат тие, од менаџментот на БЕГ велат  дека компанијата има  35 годишна лиценца за дистрибуција  топлинска енергија  и дека и во следниот период ќе продолжи  со редовно снабдување на домаќинствата со парно греење.

Од градот Скопје пак посочија дека планираат да го преземат дистрибутивниот систем за парно греење врз основа на законски  процедури , без да се направи било каква штета.

Од БЕГ велат дека  ги намалиле и  трошоците од работењето . Но за тоа колку ќе биде новата ценат на парното се уште се прават пресметките. Корекција  ќе има дури во август.

Ковачевски уште  еднаш потврди дека поставувањето на мерачи за топлинска енергија на радијаторите во новите објекти нема да значи повисоки фактури за граѓаните.

Во однос на барањето за отворање на стечај на компанијата БЕГ производство која е дел од Балкан енерџи груп Ковачевски вели дека нема да биде отворена и дека станува збор за судска разврска со компанија која има побарувања кои за БЕГ се неосновани.

 

 

 

 

08.05.2018 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега