Скопјанка застанала да си купи сендвич, а кога се вратила автомобилот и исчезнал

Вчера во 22 часот и 20 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, 48- годишната М.С од Скопје пријавила дека истиот ден околу 21 часот и 20 минути на улица „Дебарца“ непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки.

- Додека таа купувала сендвич во сендвичара, а возилото било паркирано во непосредна близина, сторителот влегол во возилото, го стартувал на непознат начин и заминал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240.000 денари- стои во соопштението од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

08.05.2018 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега