Повреден велосипедист донесен на скопските клиники

Вчера околу 17 часот, 65-годишниот Ф.Ј. од село Теново, тетовско, движејќи се со велосипед по локалниот пат од село Пирок кон автопатот Гостивар-Тетово, од засега непознати причини паднал од велосипедот и се здобил со повреди на главата. 

Со возило бил пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош бил префрлен на скопските клиники. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

08.05.2018 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега