Велосипедист од Скопје тешко повреден во сообраќајка- итно префрлен на Клиника

Вчера во 18.00 часот на улица „Никола Тесла" во Скопје патничко возило „Мазда" со скопски регистарски ознаки, управувано од 69- годишниот  Г.Г од Скопје, удрило во велосипед управуван од 29- годишниот Д.Љ од Скопје.

Од ударот со повреди се здобил Д.Љ., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

08.05.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега