По 10 часа падна одлука: Љубомир Михајловски Џанго нов претседател на Адвокатска комора

Љубомир Михајловски Џанго е нов претседател на Адвокатската комора на Македонија.

Досега со  Адвокатската комора претседаваше Никола Додевски кој беше адвокат на функционерите на поранешната власт во случаите на СЈО. Тој одлучи да не се кандидира за втор мандат, а по 10 часа вчера избран беше Џанго.

За негови заменици се избрани  Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи.

За  претседател на Адвокатската комора се кандидираа и  Звонко Давидовиќ,  Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Александар Тортевски.

 

 

 

06.05.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега