Војници на АРМ во Софија на парадата по повод Денот на бугарската војска

Еден ешалон од четвртиот механизиран пешадиски баталјон, од првата механизирана пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија денеска во Софија ќе учествува на парадата по повод Денот на бугарските вооружени сили.

На парадата во Софија, ќе присуствува и висока воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Учеството на единица од АРМ на парадата е врз основа на прифатената покана за учество, од страна на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, за време на неговата официјална посета на Република Македонија во февруари годинава, соопшти Генералштабот на АРМ.

 

 

 

06.05.2018 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега