Во случајот за семејно насилство следи нова истрага: Ако ова се докаже, Беквалац ќе има проблеми

Во давањето изјави по повод тужбата што Наташа Беквалац ја поднесе против Лука Лазукиќ заради насилство во семејството, (Лазукиќ изјави дека е невин и дека не ја претепал), следува истрага, а правниот тим на Лука ќе се обиде да докаже дали пејачката била под влијание на опијати во време на немилиот настан.

Изворот близок на српскиот портал „Србија данас“ открива дека е клучно Наташа да оди на анализа на крвта, урина и на влакна од косата.

 

„Клучна е токму анализата на влакно од коса, бидејќи во случај Наташа да била под дејство на опијати, во влакната се задржуваат до 90 дена, а во крвта и во урината само 4 или 5 дена“, објаснува изворот кој е упатен во целата приказна.

Инаку, на пејачката и’ била направена анализа на крвта кога била во Ургентен центар по инцидентот во ноќта меѓу 13 и 14 април, кога, како што тврди, ја претепал сопругот.

Тогаш не и’ беа направени комплетни прегледи и се’ беше завршено брзо, за 20-тина минути, а за токсиколошките анализи се потребни неколку часа. Притоа, Наташа не даде крв што требаше да се испрати на оксикологија на ВМА. Тоа е стандардна процедура при пријава за насилство во семејството“, вели изворот.

Поради сомневање во резултатите на крвта на Наташа Беквалац, адвокатите ќе бараат повторно да се направи анализа и тоа на ВМА.

„Ако се открие дека земала опијати, тоа би можело да фрли поинакво светло врз целиот случај и врз спорната ноќ кога дошло до инцидентот меѓу неа и Лазукиќ“, тврди изворот на „Србија данас“.

 

 

 

03.05.2018 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега