Лош „удар" за метеопатите: Дожд, грмотевици и силен ветер, пад и на температурите

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/ час. УВ индексот ќе изнесува шест.

Минималните температури ќе се движат од седум до 16, а максималните од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во сабота. нд/07:30

 

 

 

03.05.2018 - 07:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега