Внимавајте, измамници оперираат низ скопските населби: На мета пензионери, вака ги мамат

Во 11 часот, во Полициската станица Карпош, 78-годишниот И.М. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 10 часот и 30 минути, на автобуската постојка кај поликлиниката Букурешт од страна на лице на возраст од околу 40 години му била извршена измама.

Имено, оштетениот додека чекал автобус на автобуската постојка му пришло лицето и му рекло дека има некоја грешка во банката каде претходно ги подигнал парите од пензијата и дека треба да се врати назад за да се исправела грешката. Двајцата заедно тргнале да одат кон банката, по  што лицето му рекло да му ги даде нему парите, а откако пријавителот му дал 8.000 денари лицето почнало да разговара на телефон и му рекло да оди во банка, додека тој го напуштил местото на настанот.

Кога И.М. стигнал во банката на вработените им кажал за настанот и од нивна страна му било кажано дека бил измамен и да го пријави случајот во полиција.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно на ист начин и жена-пензионер беше ограбена во скопската населба Аеродром.

 

 

 

 

02.05.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега