Циклонот „Тодор" доаѓа кон Македонија - времето драстично се менува

По сончевиот Први Мај, доаѓа влажен бран кон Македонија. 

Од денеска полека воздушниот притисок ќе започне да опаѓа и тоа поради влијанието на новиот Медитерански циклон ТОДОР. Токму поради ова ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер од југоисточен и од источен правец, прогнозира метеорологот Славчо Поповски.

Облачноста ќе се зголемува вечерта и ноќта кон четврток кога на југозапад и запад ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд кои ќе се интензивираат во четврток.

Локално во западната половина на државава ќе има позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пад што значи некое значително заладување нема да има, ќе продолжи релативно топлото време.

 

 

 

02.05.2018 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега