Првомајскиот празник помина со многу несреќи - повредени 24 лица

 

Дваесет и четири лица се здобиле со полесни повреди во 15 од вкупно 23 сообраќајки случени во текот на изминативе два дена на подрачјето на СВР Скопје, а во осум била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека во изминативе два дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, како и 39 возачи за некористење заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени 31 возач кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 30 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 возачи почетници, како и пет технички неисправни возила и 41 нерегистрирано возило.

Затекнати биле 148 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 51 возило.

 

 

 

02.05.2018 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега