Пукал со пушка низ Охрид бидејќи кученце му ги изело патиките
Вчера наутро околу 11. часот, 79 годишниот охриѓанец Ц.Ч. земал пушка и пукал кон куче кое му ги јадело патиките.
-На 30.04.2013 година околу 11.00 часот во Охрид на ул. „Александар Турунџиев“ Ц.Ч (79) од Охрид со намера да убие куче кое наводно му ги јадело патиките и кое било пуштено во дворот, влегол во куќата на неговиот син и без негово знаење ја зел неговата пушка ловен карабин и во дворот испукал два куршуми, стои во сооштението на МВР.
Со првиот куршум охриѓанецот го промашил кучето, но направил оштетување на возилото на неговиот сосед З.Т.(43), додека со вториот куршум го погодил кучето и го фрлил во реката која поминува во непосредна близина на неговата куќа.
МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.