Директорката на „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино поднесе оставка, по екскурзијата во Италија

Директорката на неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Менча Зафирова од морални причини поднесе оставка, по настаните и обвинувањата поврзани со екскурзијата на средношколците во Италија.

 Зафирова, иако, како што стои во соопштението од Службата за односи со јавноста на Општина Неготино, не е директно виновна за случувањата на екскурзијата, од морални причини до градоначалникот Тони Делков доставила писмена оставка на функцијата вршител на должноста директор.

Градоначалникот Делков ја прифатил оставката, се заблагодарил на досегашната одлична соработка.

 

 

 

 

30.04.2018 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега