Груевски го нарече „труба“ Сугаревски, а тој му врати: Ти пратениче си завршена приказна

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, возврати на коментарот со кој поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ го нарече неспособен, а работењето во Министерството фијаско. 

„Само што дојде новата власт почнаа да смислуваат причини за да ја забават градбата и да создадат перцепција, како и за се друго дека „ништо не е по закон“, „се е нестручно, и ништо не чини“. А демек новиов министер е експерт и ќе ја оправи работата. А новиот министер „труба“. Во животот не работел ваква работа. Само знае гласно да збори, да се надвикува кога е во емисија, со што се обидува да го прикрие незнаењето и неспособноста“, напиша Груевски на својот фејсбук профил вчера.

На тој подоцна возврати и Сугаревски.

„Личните фрустрации, оној пратеникот Груевски нека ги споделува меѓу своите партијци кои цела деценија ги држеше во клинч, уценување и неизвесност. За своите несупеси и криминални дејства треба да зборува во Судот каде и му е местото, а не по социјалните мрежи да се правда како градел. Ако градел како што треба, до сега ќе беа изградени и автопатиштата и експресните патишта и се она што тој се фали. Пратениче Груевски, нема повеќе скриени тендери како што правевте вие, нема повеќе договори и провизии во четири очи. Тоа да ви биде јасно. Тоа што Вие го практикувавте, сега е веќе минато, одговори Сугаревски на социнјалните мрежи.

 

 

 

30.04.2018 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега