Фото: Први фотографии од ќерката на Дилара од „Парампарче“ и македонскиот актер

Убавата турска актерка Ебру Озкан Шабан, нам позната по многуте серии кои се емитуваат на македонските телевизии, односно како Дилара од „Парампарче“ е мажена за македонскот актер со турско потекло кој глуми Турскиот театар, Ертан Шабан. Тие постојано се трудат својата приватност да ја задржат подалеку од очите на јавноста.

Ебру, која се породи во јануари годинава објави само една фотографија од болницата, со која ја сподели среќната вест со обожавателите, а Ертан дури сега, три месеци по раѓањето на ќерката ја опиша неизмерната радост преку фотографија споделена на Инстаграм.

Девојчето се вика Биричик, што во превод од турски значи „единствена“, па оттаму описот на сликата значи „единствена ќерка“.

Ертан долги години работи на филмски и телевизиски проекти во Турција, а пред две години се ожени со популарната турска актерка.

Шабан во Македонија е најпознат по улогата на Александар Македонски во серијата „Збогум Румелија“, а Ебру по улогата на Халиде во серијата „Имотот на дамата“ и по улогата на Дилара во „Парампарче“.

 

 

 

28.04.2018 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега