Тепачка во кафеана во Скопје: Сакал да ги раздвои, па и него го истепале

Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека вчера во 1 часот и 30 минути после полноќ на булеварот „Јане Сандански“ во угостителски објект 30-годишниот Д.М. бил физички нападнат од страна на 38-годишниот И.Б. и уште две лица. 

Во еден момент 32-годишниот И.Р. со намера да ги раздвои лицата од оштетениот, бил исто така физички нападнат.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

28.04.2018 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега