Скопјанка „дивеела“ низ Трговски - повредени две малолетни девојчиња

На 23.04.2018 година во 16 часот 30 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Гаврил Константиновиќ“ поточно во Трговскиот центар Лисиче, 36- годишната Д.Ј го нарушила јавниот ред и мир со физички напад над две малолетни девојчиња, соопшти МВР.

На девојчињата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

 

28.04.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега