Нападнато семејство од Скопје - со тупаници и палки му ги тепале бремената сопруга и синот

Вчера попладнето во 21:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ во барака,30-годишниот Ф.К. заедно со неговата сопруга, 22-годишната С.Д. физички ги нападнале 32-годишниот М.Е. и неговата сопруга, 29-годишната М.Д.

М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка. Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

 

28.04.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега