Страшна несреќа : Скопјанец починал на лице место

Вчера околу 13,00 часот било пријавено дека во атарот на село Ковач-Македонски Брод, 60- годишниот М.С од Скопје движејќи се со трактор по шумски земјен пат, изгубил контрола над тракторот којшто се превртел.

Од здобиените повреди М.С. починал на самото место. Од страна на лекар од Јавната здравствена установа Македонски Брод констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Македонски Брод.

 

 

 

 

28.04.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега