УЈП акција: Делеше казни и до 3000 евра

УЈП спроведе акција во која за не издавање фискални сметки се изречени казни и до 3000 евра на угостителски локали во охридската чаршија, објави Охрид 1.

Како што информираат од порталот Охрид 1, контролирани биле чајџилниците, ќебапчилниците и останатите угостителски локали каде се нуди традиционална храна во старата чаршија кај кои биле констатирани бројни неправилности.

Целта на оваа акција на УЈП е да се создаде ред во чаршијата која последните месеци западнала во финансиска недисциплина, за што се жалеле граѓани кои престојувале во овие објекти.

 

 

 

28.04.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега