Мистериозен град во Русија: Забранет и затворен, овде никој никогаш не влегол

Межгорје е град во Русија кој со години претставува голема тајна и поради тоа е затворен за посетители. Овде живеат луѓе кои се вработени на мистериозниот врв Јамантау на надморска висина од 1.640 метри на Урал.

Основан е во 1979 година и бил познат како Уфа-105 и Белоретск-16. Статусот град го добива во1995 година кога го добил сегашното име.

Според пописот во 2010 година во Межгорје живеат околу 17 илјади луѓе и е еден од најинтересните градови во светот. Сплет на различни околности во последните три децении го оставаат под сенката на таинственото.

Градот наводно бил голем градежен проект кој започнал кон крајот на 70-те години, кога нуклеарно вооружена сила на САД имала посебна цел во Комунистичката партија.

Како заторен град, Межгорје е административно подреден според руската сојузна влада.

Од страв поради проширување на штрајковите, Советот испратил овде десетици илјади работници.

Сателитските снимки покажуваат дека на оваа локација под земјата се наоѓаат огромни нуклеарни објекти или бункери. Тој е откопан во времето на мандатот на рускиот претседател Борис Јелјцин. Над бункерите имало изградени касарни. Според некои наводи, масивните бункери може да примат од 60.000 до 300.000 луѓе и се состојат од 500 километри тунели.

Интересирањето за овој град започнало за време на Судената војна. Меѓутоа, Межгорје денес има статус на специјално, ограничено подрачје, поради што е еден од најмистичните градови во светот. 

 

 

 

27.04.2018 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега