Среќен крај: Еден месец по исчезнувањето си го пронашол својот брат на улица во Австрија

Во вторникот вечерта, бил пронајден 41-годишниот Марко Перкушиќ, по потекло од Дубровник, кој исчезнал пред повеќе од еден месец.

Тој тогаш го напуштил хотелот во местото Вајдринг од каде добил отказ. Во име на семејството тоа го потврдила Мија Рајиќ, која не знаела деталите, ниту каде Перкушиќ бил повеќе од еден месец.

Во средата Марко се огласил на Фејсбук и им се заблагодарил на сите за поддршката.

„Не е важно колку пати во животот си паднал, вано е колку си станал. Драги мои, во оваа прилика на сите би ви се заблгодарил на несебичната љубов, вниманието и поддршката која ми ја покажавте во овие месеци. Се глдаме наскоро, ве сака вашиот Марко“, напишал тој.

„Неговиот брат кој шетал низ градот и на луѓето им ја покажувал неговата фотографија, го пронашол на некоја улица. Му помогнале и луѓето кои читале дека Марко исчезнал. Единствено што знам е дека е ограбен. Му украле 1500 евра, мобилниот и таблетот“, рекол Мирослав Пиплица, кој Марко го барал заедно со неговот брат.

 

 

 

27.04.2018 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега