Почина легендарниот музичар

Саксофонистот Чарлс Невил по долго боледување, почина на возраст од 79 години во неговиот дом во Хантингтон, Масачусетс.

Тој свиреше со легендарниот блуз гитарист Би Би Кинг, а потоа славата ја стекна со неговите браќа Арон, Арт и Сирил во групата „Невил брадерс“, благодарение на нивната комбинација на фанк, џез и њуорлеаншки ритам и блуз.

Чарлс Невил во јануари соопшти дека се бори со рак на панкреасот, а почина непосредно пред почетокот на традиционалниот џез фестивал во Њу Орлеанс, на кој „Невил брадерс“ со години настапуваат на последниот ден од манифестацијата.

Музичарот пред повеќе од педесет години беше уапсен за поседување на две цигари марихуана во Луизијана, по што е осуден на пет години затвор.

Во едно интервју саксофонистот изјави дека затворот бил многу опасно место, но дека таму напредувал како музичар.

 

 

 

27.04.2018 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега