Тодоров: Испративме амбулантно возило во Унгарија - повредените Македонци се враќаат дома

 

-Државата има обврска да се грижи за своите граѓани во и надвор од Република Македонија и ние тоа го правиме. Со амбулантно возило со доктор, сестра и возач кои денеска ќе тргнат од Скопје и ќе се упатат кон Унгарија ќе бидат транспортирани двајцата повредени во сообраќајната несреќа што пред неколку дена се случи кај унгарскиот град Ѓер, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Тодоров информираше дека едниот од повредените е жена која има потрес на мозокот и мора да биде транспортирана во лежечка положба, додека другиот повреден е маж кој има полесни повреди и ќе биде транспортиран со возилото на дополнителен простор - дополнителен лежај или седиште кое што ќе биде поставено во возилото.  

Сообраќајната несреќа се случи на 26 април во близина на Будимпешта кога автобус на компанијата „Тото“ што сообраќаше на релација Скопје - Прага излета од патот и падна во канал.

Во несреќата беа повредени 28 лица од кои 21 се македонски државјани, четворица чешки, а тројца бугарски државјани. Останатите македонски патници кои се здобија со полесни повреди во меѓувреме беа пуштени од болница и за нив беше организиран превоз за Скопје. 

најчитано сега