Расте бројот на самоубиства во Грција

Од почетокот на кризата во соседна Грција, се поголем е бројот на самоубиства.

Бројот на самоубиства во Грција во 2011 година се зголемил за 45 отсто во однос на периодот од пред избувнувањето на финансиската криза во оваа земја, јави ДПА.

Во 2007 година во Грција имало 328 самоубиства, додека во 2011 година тој број пораснал на 477.

Засега не е познато колку самоубиства имало во 2012 година, но се смета дека бројот е многу поголем отколку во претходните години.

11.09.2013 - 11:18
Фото: 
Денешен

најчитано сега