ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи укинување на дополнителната акциза на дизелот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи укинување на дополнителната акциза за дизелот од 3,5 денари која што од  јануари оваа година ја воведе Владата.

- „Би сакал само една паралела да направам а тоа е дека секој еден граѓанин на Македонија чие што возило вози на дизел пред една година, пред оваа влада одеше на бензинска пумпа и го полнеше резервоарот за 1.500 денари. Сега истото полнење на истиот резервоар со оваа влада, е околу 2.000 денари. Значи секој граѓанин, одењето на бензинска пумпа полнењето на резервоарот поради политиките штетни на Зоран Заев и Тевдовски, ги чини дополнителни 500 денари. “ - изјави Влатко Ѓорчев.

 

 

 

24.04.2018 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега