САД одбележуваат 12 години од нападот на кулите близначки

 

САД денеска ја одбележуваат 12-годишнината од терористичките напади во Њујорк, Вашингтон и државата Пенсилванија.

На 11 септември 2001 година два авиона, грабнати од терористи, удрија во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и ги урнаа до темел. Трет авион се урна во зградата на Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот не успеа да стигне до својата цел, благодарение на, како што се верува, интервенцијате на патниците кои влегле во судир со грабнувачите и тој се урна во државата Пенсилванија.

Денешната главна церемонија во сеѓавање на жртвите ќе се оддржи во Њујорк и ќе почне во 8:46 часот по локално време (14:46 по средноевропско време), точно во мигот кога првиот авион се урна во северната кула на СТЦ.

Како и минатата година на церемонијата нема да има политичари, па дури ниту градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, нема да присуствува.

Инаку, во терористичкиот напад пред 12 години загинаа 2.977 лица.

11.09.2013 - 09:34

најчитано сега