„Гринјард“ доаѓа во Македонија, ќе бара извозници на свежо овошје и зеленчук

Идната недела во Македонија ќе дојдат претставници на „Гринјард“, компанијата - лидер во обезбедувањето свежо овошје и зеленчук за европските супермаркети.

Како што најави Татјана Марковска од Канцеларијата за економски развој на УСАИД на денешниот форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во Велес, целта на посетата е договарање конкретна соработка со наши фирми кои досега веќе оствариле контакти со „Гринјард“ и се запознаени со потребните условите за дистрибуција.

- Комуницираме две години со „Гринјард“. Однесовме неколку наши компании кај нив за да се запознаат со условите на доставување на овошјето и зеленчукот, од аспект на квалитет, пакување, време на достава,... Најавената посета ќе биде во тој правец - евентуално конкретизирање на соработката што е веќе почната со овие неколку наши фирми, рече Марковска.

„Гринјард“ со свежо овошје и зеленчук снабдува најмалку 25 земји, а вработува преку 8.000 лица. 

 

 

 

23.04.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега