Тајната за смртта на Тито: Неговиот личен доктор откри од што навистина починал маршалот

 

Доктор Станковиќ , кој работел во Воено медицинската академија во Белград вели дека Тито не починал како резултат на дијабетесот и ампутацијата на ногата. Тој во интервју раскажува дека една година пред смртта на доживотниот претседател на екс Југославија забележал модринка на неговата нога. Му кажал на Тито дека треба да се прегледа , но тој не сакал .

Пробал и преку аѓутантите да го убедат да се утврди што се случува со ногата , но залудно. Потоа , кога дијагностицирал дека Тито има  оклузивна ангиопатија , односно затнување на главниот крвен сад за десната нога , тој не сакал да му се направи операција.

Дури откако состојбата му се влошила и ногата почнала да му се суши , биле повикани докторите од САД , Мајкл Дебејки и од Русија Марат Књазев. Дебејки веднаш рекол дека мора да се прави операција , додека Књазев предложил терапија со лекарства.

Тито го прифатил советот на рускиот доктор. Но , по кусо време сепак ногата морала да се отсече. Станковиќ раскажува дека тогаш веќе било предоцна зашто крвта му била затруена,така што не помагале ниту трансфузиите ниту дијализата. Докторот тврди дека Тито не починал поради компликации на ногата поврзани со дијабет , туку поради обично затнување на крвен сад кое можело да се оперира.

Тој вели дека можеби не бил доволно упорен за да го натера Тито да му се спаси ногата. Во февруари 1980 , пред да западне во кома.

Станковиќ бил крај Јосип Броз кога ги кажал последните зборови : ,,Што сето ова треба да значи ?”. Докторот не знае дали тоа се однесувало на состојбата во државата или пак на неговата здравствена состојба.

По тоа Тито западнал во кома , од која не се разбудил и починал на 4.мај.

 

 

 

20.04.2018 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега