Беровчанец отишол кај ќерка си на гости, паднал од тераса и починал
59 годишниот беровчанец Димитар Р. вчера починал додека бил на гости кај неговата ќерка и зетот
Ноќеска околу 01:15 часот, домаќините слушнале тап удар кој доаѓал од сеуште недоизградената тераса во куќата, пишува Канал 5. Тие веднаш отишле да видат што се случило и го пронашле телото на Димитар на плочникот од дворот. Беровчанецот починал од повредите кои ги заработил од падот од терасата од 3,5 метри височина.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција. Увидот потврдил дека Димитар Р. починал од повредите кои ги заработил од падот од терасата. По барање на семејството, не била извршена обдукција на телото, пренесува Канал 5