Гевгелија и го доверува на Владата формирањето на Регионална депонија

Поради немање можност да го обезбеди својот дел од 2,4 милиони евра, утврден според бројот на жителите, општина Гевгелија одлучи на Владата да и го довери формирањето на Регионалната депонија за управување со отпадот во Југоисточниот плански регион.

- Покрај Гевгелија, во овој момент уште неколку општини од југоистокот на земјава, не се во можност да ги обезбедат потребните финансиски средства поради што не може да се основа депонијата со потребната инфраструктура доколку не се обезбеди финансирање од Владата, беше посочено на последната седница на гевгелискиот Совет.

Според физибилити студијата за управување со отпад во Југоисточниот плански регион утврдено е дека вкупната инвестиција за основање на регионалниот систем за управување со отпадот изнесува 18,6 милиони евра кои повеќето општини од регионот не се во можност да ги обезбедат.

Затоа и општина Гевгелија донесе одлука со која основањето на регионалната депонија со потребната инфраструктура го доверува на Владата на Република Македонија како најдобар начин за брзо решавање на проблемите со управувањето со отпадот, кој ќе биде со најмали трошоци и со цена која ќе биде достапна за жителите на регионот.

 

 

 

16.04.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега